| Со технички преглед и регистрација на Вашето моторно
возило во Станицата за технички преглед на друштвото дополнително
во текот на регистрационата година ги добивате следните бесплатни
услуги: |
бесплатно балансирање на 2 тркала (кај патнички возила)
- бесплатна проверка на издувните гасови на дизел моторите и проверка
и подесување на истите на бензинските мотори
- бесплатна замена на маслото во моторот (кај патнички возила)
- бесплатно подесување на светлото на фаровите
- бесплатна проверка на предниот и задниот трап и системот за
кочење
- бесплатно шлепување до 20 km на локално
ниво на дефектно или
оштетено возило во случај на сообраќајна незгода
|
Појаснување: Локално
ниво се подразбира подрачјето на поранешна општина Гевгелија,
вклучувајки ги и општините Богданци, Миравци и Стар Дојран.
Пример: Доколку потребата на ова подрачје за шлепување изнесува
вкупно 60 км, 20 се гратис од друштвото, а 40 се наплаќаат по
ценовникот
за превоз на возила од страна на СПИ службата. За секоја
интервенција надвор од ова подрачје не важи оваа бенефиција,
односно бенефиции надвор од ова подрачје можат са се користат
по основ на членство во АМСМ. |
|
| РЕГИСТРАЦИЈА НА МОТОРНИ И ПРИКЛУЧНИ ВОЗИЛА |
1. За продолжување на регистрација
во исто регистрационо подрачје: |
(потребни документи за регистрација) |
- сообраќајна дозвола,
- лична карта.
|
2. За продолжување на регистрација
од друго регистрационо подрачје: |
Објаснување: Сопственикот
возилото треба да го одјави во станицата за технички преглед во
матичното подрачје и да ги врати таблиците во МВР во матичното
подрачје, за да одпосле кога возилото административно како одјавено
стигне во базата на одвешната подрачна едница на МВР, се одобри
негова регистрација заедно со потребните документи кои се наведени:
(потребни документи
за регистрација) |
- сообраќајна дозвола
- купопродажен договор,
- лична карта.
|
3. За регистрација на ново моторно/приклучно возило купено во РМ: |
(потребни документи за регистрација)
|
- фактура од продавачот,
- царинска декларација,
- изјава за сообразеност - хомологација за хомологиран тип на возило
од овластениот импортер на возилото,
- лична карта за физички лица,
- фотокопии од решение од завод за статистика,образец бр.2 и бр.6
за правни лица.
|
4.
За регистрација на половно моторно/приклучно возило купено во странство: |
(потребни документи за регистрација) |
- купопродажен договор или фактура со превод заверен кај нотар,
- сообраќајна дозвола со превод заверен кај нотар,
- одјава или одјавен лист со превод заверен кај нотар,
- царинска декларација,
- изјава за сообразеност - хомологација за хомологиран тип на возило
од овластениот импортер на возилото,
- потврда за сообразност на единечно прегледано возило од овластена
организација,
- лична карта за физички лица,
- фотокопии од решение од завод за статистика,образец бр.2 и бр.6
за правни лица.
|
5.
За регистрација на половно моторно/приклучно возило кај кое е утврдено
законска обврска за постоење на тахограф: |
(потребни документи за регистрација) |
- потврда
за извршен преглед на точноста и жигосување од овластената организација.
|
6.
За регистрација на моторно/приклучно возило кај кое е вршена преправка
во однос на првобитната-фабричката односно претходната изведба
и тоа:
|

- вграден
уред на течен нафтен гас или популарно плински уред;
- замена на мотор со поинакви технички карактеристики (појак мотор,
заменет бензински со дизел мотор и сл.);
- преправки на каросеријата на моторното/приклучно возило;
|
| (потребни документи за регистрација) |
- потврда
од испитување од овластена организација - атест;
Постапката за добивање атест е следна:
- се доаѓа на технички преглед каде се добива записник за извршен
вонреден технички преглед,
- со кој се оди до МВР каде се добива упатница за атест
- со која се закажува термин кај овластената организација за испитување
на возила.
|
7. За возила кои превезуваат
опасни материи |
| (потребни
документи за регистрација) |
- сертификат за извршено
испитување на возилото од овластена организација за испитување на
возила.
|
Исклучоци од ова правило се:
- лесни приколки до 750 кг.;
- возила кои се движат од местото каде се превземени како нерегистрирани
до местото каде ќе се регистрираат;
- возила
кои се преправани и со кои се врши пробно возење;
Постапка за добивање на пробни таблици:
- се подига пробен број од МВР;
- се врши технички преглед;
- се вади полиса
за осигурување од авто одговорност;
|
Возилото може да се регистрира само ако: |
- е
технички исправно, со тоа што потврдата за техничка исправност
да не е постара од 30 дена;
- се поседува доказ за сопственост : купопродажен договор или фактура
за ново возило, сообраќајна дозвола за веќе регистрирано возило;
- ако се платени одредени обврски пропишани со закон (даноци ,такси, задолжително
осигурување од авто одговорност);
|